7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија лидер во нееднаквоста на приходите

Русија лидер во нееднаквоста на приходите

milijarderi1

Нееднаквоста во приходите на населението на Русија е меѓу највисоките во светот, покажа годишното истражување на банката „Кредит Свис“.

Полоша ситуација е забележана само во неколку мали земји во Карипскиот регион, наведуваат експертите, пренесува агенцијата Франс прес.

Според глобалниот просек, на секои 170 милијарди долари приходи на домаќинствата доаѓа еден милијардер. Притоа, сопствениците на повеќе од една милијарда долари поседуваат само еден до две проценти од вкупниот светски имот.

Во Русија, напротив, милијардерите поседуваат 35 проценти од богатството на земјата, а еден милијардер доаѓа на секои 11 милијарди долари приходи на руските домаќинства.

Аналитичарите на „Кредит Свис“ наведуваат дека бројот на милионери во Русија во 2013 година, во однос на 2012 година, е намален за 13,4 проценти, на 84,000 лица. Нивниот број, според проценките на експертите, до 2018 година ќе се зголеми за 58 проценти и ќе достигне 133.000 лица. Бројот на ултрабогатите лица, со имот поголем од 50 милиони долари, во Русија оваа година изнесува 1,986.

Вкупниот број на милионерите во светот во наредните пет години ќе се зголеми на 50 проценти или 16 милиони лица, на 47 милиони.

Според мислењето на експертите од „Кредит Свис“, шансите на руските милијардери да го сочуваат своето богатство се поголеми отколку во останатите земји на БРИК.

Бројот на милијардери во Русија е повеќе од двојно зголемен од 2005 до 2010 година, што зборува за голема стабилност на имотот на богатите Руси. Покрај тоа, милијардерите во Русија поседуваат поголем имот во споредба со останатите милијардери во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП