7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Банкротот на САД ќе го загрози светот

ММФ: Банкротот на САД ќе го загрози светот

P

Банкротот на САД, кој ќе следи доколку Конгресот не ја зголеми границата на задложување, би можел да го загрози закрепнувањето на целокупната глобална економија, предупредува ММФ.

Финансискиот советник на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Хосе Винјалс, нагласи, сепак, дека ризикот од таквиот банкрот е всушност многу мал, пренесува агенцијата АП.

„Тоа ќе предизвика шок за целиот свет и ќе има големо влијание и последици врз финансиските пазари во целиот свет, а не само во САД. Затоа, најдобро е да се надеваме дека тоа никогаш нема да се случи“, изјави Винјалс на конференцијата за новинари во Вашингтон, за време на објавувањето на извештајот на ММФ „Стабилноста на глобалните финансии“.

Овој извештај е објавен во пресрет на годишните состаноци на ММФ и Светската банка, кои ќе се одржат од 11 до 13 октомври во Вашингтон.

Како што оценува ММФ, делумната блокада на амриканската влада, која веќе трае две недели, ја зголемува неизвесноста за закпренувањето на кревката глобална економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП