2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЕве како да се збогатите! Милијардерите Бил Гејтс, Стив Џобс, Марк Цукерберг...

Еве како да се збогатите! Милијардерите Бил Гејтс, Стив Џобс, Марк Цукерберг и Опра Винфри споделуваат корисни совети

Некои од најбогатите луѓе во светот со пример покажуваат како се стекнува или се зголемува богатството.

Општо познато правило е дека треба да се учи од поискусните и поуспешните. Богатството и парите се стекнуваат постепено и макотрпно.

Еве што можеме да научиме од најуспешните:

Живеете под вашите можности

Иако „таткото“ на Фејсбук пред неколку години веќе имаше доволно финансиски средства да купи куќа, тоа го направи дури неодамна.

Неговата куќа вреди 7 милиони долари и е 0,04 отсто од неговото вкупно богатство. Марк Цукерберг живее многу под своите можности и тоа е лекција што секој, милијардер или не, треба да ја научи.

Доброто со добро се враќа

Бил Гејтс подари толку многу пари што поради тоа падна на листата на Форбс за најбогати луѓе.

Тој донираше толку многу пари во филантропски цели, благодарение на неговата богата поддршка. Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс е најголемата фондација во САД.

Не треба да подарувате милијарди како Бил Гејтс, но можете да одвоите малку време за да волонтирате, да свртите на хуманитарен број или да испратите СМС, или барем да укажете и да ја раширите веста за некој на кој му е потребна помош. Ќе направите голема разлика дури и ако сте само еколошки свесни. Доброто со добро се враќа.

Вежбањето ве прави совршени

Сите беа воодушевени од неодоливите презентации на енигматичниот Стив Џобс, но неговиот талент не беше вроден.

Џобс ги презентираше производите на Apple како да е во својата дневна соба, со најблиските пријатели, а не пред милионска публика.

Тоа успеа да го постигне преку вежбање – чувството на неформалност доаѓа дури по исцрпувачки часови вежбање. За да бидете добар во нешто потребно е многу напорна работа и пракса.

Работете го она што го сакате

Во една од нејзините емисии, Опра Винфри изјави:

-Луѓето наоѓаат среќа во она што го работат. Ако не го правите она што го сакате, секој ден умирате по малку. Важно е да имате кариера во која уживате. Поминувате многу време на работа, па ако не ви се допаѓа, барем почнете да работите на промена на таа ситуација. Еј, зошто се откажуваш уште пред да се обидеш? Дали сакате да го поминете целиот живот во компанија само затоа што има „добра репутација“, без да земете предвид дали сакате да работите таму? Земете ги работите во свои раце еднаш. Нема да биде лесно и можеби ќе ви треба повеќе време отколку што мислевте, но најважно е вашата крајна цел – да го правите она што го сакате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП