2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИновациите и човечките ресурси во фокусот на инвестицискиот самит во Охрид

Иновациите и човечките ресурси во фокусот на инвестицискиот самит во Охрид

gruevski

Иновативни бизниси и развојот на лидерските способности и човечките ресурси се главни теми на кои денеска ќе дискутираат учесниците на Вториот глобален инвестициски самит што се одржува во Охрид.

Самотот учесниците го оценуваат како корисен настан кој носи позитивна енергија и оптимизам за подобрување на бизнис климата во земјата.

Нуди можности за пренесување на исксутвата од странските на локалните компании за нивните меѓусебни средби, како и можност за средба на владините претставници со инвеститори кои имаат интерес за
правење бизнис во Македонија.

На Самитот се присутни над 350 учесници од 20 земји. На отворањето на Самитот вчера премиерот Никола Груевски порача на присутните дека Македонија е земја со стабилна економија, има политичка атмосфера ориентирана кон НАТО и ЕУ.

Земја која веројатно ќе беше членка на НАТО и веројатно ќе беше пред влезот во ЕУ доколку немаше попречување од една земја членка затоа што Македонија ги исполни условите за членство уште во 2008, и за почеток на преговорите со ЕУ за полноправно членство во 2009 година.

Претседателот на Бордот на директори на „Македонија 2025“ Мајк Зафировски посочи дека најважно за земјата е да има посилен економски развој.

– Сакам Македонија да успее, да видам мотивирани фирми кои ќе усвојат иновации, да видам странски директни инветиции, потенцира Зафировски обраќајќи се на отворањето на самитот.

За учесниците на Инвестицискиот самит синоќа во Охрид прием организираше претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Ова е Втор глобален инвестициски самит во организација на „Македонија 2025“.

Првиот се одржа минатата година во октомври и очекуваат да стане традиционален.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП