2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗборот AI прогласен за збор на годината: Употребата на овој термин е...

Зборот AI прогласен за збор на годината: Употребата на овој термин е четирикратно зголемена во 2023 година

Моќта со која вештачката интелигенција го привлече вниманието на човештвото во 2023 година – ако само судејќи според разговорите на тема дали ќе донесе револуционерни добра или ќе донесе апокалиптично уништување – ги наведе креаторите на речникот Колинс да го прогласат зборот „AI“ како „збор на годината“, пишува денеска BBC.

Употребата на терминот се зголеми за четири пати оваа година, рече издавачот.

„Знаеме дека вештачката интелигенција(AI) беше толку голем фокус оваа година што еволуираше и брзо стана сеприсутна и вградена во нашите животи како што некогаш станаа е-поштата, стримингот или која било некогаш футуристичка-сега секојдневна технологија“, рече Бикрофт.

Изјавата на Колинс се појави во време кога премиерот на Велика Британија, Риши Сунак, е домаќин на самит за вештачка интелигенција, на кој учествуваат претставници на стотици земји ширум светот. На него присуствуваат светски лидери, раководители на технолошки компании и истражувачи на вештачка интелигенција, а темата на собирот е како да се максимизираат придобивките од оваа моќна технологија – притоа да се минимизираат ризиците кои доаѓаат со неа.

Во меѓувреме, јавува Би-Би-Си, поранешните членови на Битлси користеле вештачка интелигенција за да го изолираат гласот на Џон Ленон од стара снимка за да ја создадат „последната песна“ на Битлси. Таа треба да биде објавена оваа недела.

Во исто време, друг музички ветеран, Клиф Ричард, објави дека не сака да користи вештачка интелигенција – но во интервју за Би-Би-Си погрешно ја протолкува оваа кратенка како „вештачко оплодување“.

„Зборот на годината“ обично го одразува она со што е преокупирано човештвото во одредена година.

Минатата година за „збор на годината“ беше избран „permacrisis“ со кој на англиски јазик се опишуваат постојаните превирања на политичката сцена во Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП