20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБрендот Volkswagen патнички возила испорача 4 360 000 возила во првите три...

Брендот Volkswagen патнички возила испорача 4 360 000 возила во првите три квартали од 2013 година, со што забележа раст од 3,6%

vw

Најголемиот производител на автомобили во Европа испорача 4,36 милиони возила од јануари до септември 2013 година, со што забележан е раст од 3,6% во однос на истиот период минатата 2012 година кога беа испорачани 4,21 милиони возила.

Само во септември 2013 година беа испорачани 526 300 патнички возила со логото на Volkswagen, бројка која означува раст од 6,8% во однос на истиот месец лани. Во септември 2012 година им беа испорачани 492 800 возила на клиентите.

“Брендот Volkswagen патнички возила ја одржа својата одлична позиција на светските пазари покрај бројните предизвици и продолжи да расте особено во Кина” изјави Кристијан Клинглер, член на управниот одбор за продажба и маркетинг на „Групацијата Volkswagen“ и на брендот Volkswagen патнички возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП