17 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПУТИН: САД и нивните сателити се главните профитери на глобалната нестабилност

ПУТИН: САД и нивните сателити се главните профитери на глобалната нестабилност

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска изјави дека има обиди да се искористи ситуацијата на Блискиот Исток за да се дестабилизира Русија и да се подели руското општество.

„Се користат различни средства, како што можеме да видиме, вклучувајќи лаги, провокации и софистицирани технологии“, рече Путин по состанокот за ситуацијата на аеродромот во Махачкала, каде се собраа антиизраелските демонстранти, пренесува РИА Новости.

Според него, настаните во Махачкала биле испровоцирани преку социјалните мрежи, меѓу другите, од агенти на западните разузнавачки служби.

Зборувајќи за ситуацијата на Блискиот Исток, рускиот претседател рече дека одмаздата почнала врз основа на принципот на колективна одговорност, наместо да се казнуваат терористите.

-Кој има корист од тоа? САД и нивните сателити се главните профитери на глобалната нестабилност – рече Путин и додаде дека САД не постигнуваат резултати на бојното поле, поради што, како што тврди, се обидуваат да посеат конфузија внатре во Русија.

Откако голем број антиизраелски демонстранти упаднаа на аеродромот во Махачкала во неделата по слетувањето на авион од Тел Авив, уапсени се 60 лица.

Во немирите беа повредени 20 демонстранти и девет полицајци, од кои двајца се хоспитализирани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП