17 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПутин свика состанок со државниот врв поради Дагестан

Путин свика состанок со државниот врв поради Дагестан

Настаните во Махачкала, Дагестан, се резултат на надворешно мешање, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Како што истакна, во текот на денот рускиот претседател Владимир Путин ќе одржи седница на која ќе се разговара за обидот на Западот да ги искористи настаните на Блискиот Исток за да го подели општеството.

На состанокот ќе учествуваат шефовите на сите безбедносни агенции, премиерот Михаил Мишустин, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.

Шефот на Дагестан, Сергеј Меликов, претходно изјави дека од странство се прават обиди за дестабилизација на ситуацијата во оваа руска република, вклучително и преку проукраинските канали на Телеграм.

Според Меликов, еден од каналите на Телеграм, кој објавува покани до жителите на регионот да излезат на митинзи, е контролиран од странство.

– Денеска добивме апсолутно веродостојни информации дека каналот “Добро утро Дагестан” се управува и регулира од територијата на Украина – предавници– додаде шефот на републиката.

Во неделата во Махачкала голем број луѓе влегoa на аеродромската писта по пристигнувањето на лет од Тел Авив. Беше објавено дека тие што се пробиле веројатно ги барале пристигнатите израелски државјани и почнале нереди. Полицијата пристигнала на местото на настанот.

Муфтијата на Дагестан, Ахмад Абдулаев, акцијата против Евреите ја нарече грешка и ги повика сонародниците да останат смирени. Наскоро регионалните власти објавија дека ситуацијата е под контрола, а Федералната агенција за воздушен транспорт објави дека аеродромот е исчистен од луѓе кои се наоѓале таму неовластено. На аеродромот се огласил аларм, по што луѓето почнале да се разотидуваат, а аеродромот бил затворен. Како што соопшти Федералната агенција за воздушен транспорт, привременото затворање на аеродромот ќе трае приближно до 31 октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП