30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРено ги зголемува капацитетите во Мароко

Рено ги зголемува капацитетите во Мароко

reno maroko

Францускиот производител на автомобили Рено ја отвори втората фаза од својата гигантска фабрика во Тангера во Мароко во која се произведуваат евтини модели на автомобили.

Преместувањето на производството во Африка предизвика негодување во Франција.

Вториот дел од фабриката за автомобили ќе му овозможи на францускиот производител да го дуплира производството до 340.000 возила годишно до 2014-та година. Фабриката на Рено во Тангера е најголема од овој вид во Африка.

Рено гради фабрика и во Алжир, но таа е значително помала и е со капацитет од 75.000 возила годишно за домашниот пазар.

Фабриката во Тангера чини 400 милиони евра, а вкупната вредност на проектот е една милијарда евра. Се очекува Рено во третата фаза да продолжи со нивниот јапонски партнер Нисан.

Инаку оваа фабрика во која работат 5.000 луѓе, воглавном работи за извоз во повеќе од 25 земји, а особено во Европа.

Рено и Дачија ја имаат водечката позиција на мароканскиот пазар со повеќе од една третина од вкупно продадените возила годишно.

Покрај ниската цена на работната сила, француската група има и други предност во Тангера, како слободната зона без данок на добивка во текот на пет години, потоа намалената стапка, а нема ни данок за извоз.

Просечната месечна плата во фабриката на Рено во Мароко изнесува 250 евра, што е помалку од половина плата во фабриката на Дачија во Романија.

Рено во Мароко најави отворање на 30.000 работни места кои ќе бидат поврзани со нивното производство.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП