Српскиот претседател, Александар Вучиќ утрово во ТВ гостување рече дека мисли оти светот е на работ на трета светска воја.
„Имате прилично тешка ситуација во Украина и сега е сосема јасно дека на Западот ќе му биде тешко да ги победи Русите, исто како што на Русите ќе им биде тешко да ги поразат Украинците. Кина и Америка останаа надвор од конфликтот, но Америка недвосмислено им помага на Украина и Израел. За жал, се приближуваме до тоа, луѓето и многу земји сакаат поинаков поредок во светот“ рече претседателот.

