3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА9 FMCG Summit даде одговори на дилемите на компаниите

9 FMCG Summit даде одговори на дилемите на компаниите

Во конференциската сала на хотелот „Александар Палас“, вчера над 350  претставници од најголемите компании од секторот за трговија за стока за широка потрошувачка од Македонија и регионот учествуваа на 9 FMCG Summit, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.

Директорката на маркетинг агенцијата „ Кликер“ и магазинот InStore, Верица Мартиновска го отвори самитот и им се заблагодари на учесниците за присуството нагласувајќи ја  потребата од обединување на секторот и споделување на заеднички идеи и пристапи во решавањето на предизвиците.

Постои верување дека купувачите донесуваат логична одлука, тоа не е  точно, повеќето одлуки не се резултат на длабоко размислување. Тие се носат мрзливо, односно се засноваат на она што е веднаш достапно, нагласи еден од водечките светски стручњаци  во FMCG-индустријата, Тони Дурам, кој пред учесниците на самитот го сподели своето долгогодишно искуство и знаење за однесувањето на потрошувачите и за психологијата на клиентите.

Исклучително искуство за учесниците претставуваше излагањето  на меѓународниот аналитичар, Себастијан Ренак, кој ги потенцираше предизвици со кои се соочува секторот на малопродажбата во Европа.

Тој посочи дека актуелните воени конфликти и хиперинфлацијата ги доведуваат трговците да го постават прашањето: Како да се направи бизнис планот за идната година?

Учесниците на самитот имаа можност да ја следат презентацијата на Бобан Младеновски, кој е менаџер за транспорт во малопродажната компанија број еден во Велика Британија „Теско“, кој детално објасни како функционира дистрибуцијата во оваа светска компанија.

Посебно внимание на годинешниот самит предизвика панел дискусијата Кој добива, а кој губи со актуелните мерки?. На панел дискусијата, на која модератор беше Горан Теменугов, своите ставови ги соочија од една страна претставниците на секторот: комерцијалниот директор на „Лион“, Икица Павлоски, извршниот директор на „Еуро табак“, Климе Булоски, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески наспроти министерот за економија Крешник Бектеши, а активно учество во дискусијата имаа и учесниците на самитот.

Павлоски и Булоски посочија дека со одлуката на Владата за замрзнувањето на цените фирмите бележат пад на продажбата , а како проблем кој дополнително ја отежнува ситуацијата ја посочи забраната за акции и промоции заедно со покачувањето на стапката на ДДВ за некои производи.

Министерот Бектеши истакна дека немало забрана за акции и промоции и  само што во делот на производите кои биле означени со „гарантирана цена“ требало да го наведат фактот дека тоа било дополнително намалување, а не е акција заради истек на рок за да биде јасно за потрошувачите. Доколку, пак, е акција заради истек на рок и тоа јасно, прецизно и концизно требало да биде наведено за да не се стават во заблуда потрошувачите и граѓаните.

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески истакна дека потребно е обединување на бизнис секторот и подобрување на комуникацијата меѓу Владата и компаниите, за што тој самиот ќе се залагал во најскоро време да седнат на заедничка маса.

Самитот го водеше Огнен Јанески, а  пред учесниците свои излагања имаа и Огнен Костовски, раководителот на тимот за дистрибуција во компанијата „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп“,Калина Медаровска Михајловска, управител на истражувачката агенција „БРИМА“, Дејан Сипковски, управител и генерален директор на „БМ груп Македонија“, Емир Ганибеговиќ, експерт за продажба со долгогодишно искуство во FMCG бизнисот, Драган Јосифовски, извршен директор и ко-основач на Paket.mk, Билјана Гонева, менаџер за комерцијален развој на категоријата храна, за РС Македонија и Косово во „Нестле Адриатик“,Александар Стевановиќ,директор за консултатнтски услуги во „PwC Croatia“, за секторот на малопродажба за Југосточна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП