7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРускиот природен гас, нов испит за македонско-бугарските „пријателски“ односи!

Рускиот природен гас, нов испит за македонско-бугарските „пријателски“ односи!

Македонската економија е пред нов предизвик. Соседна Бугарија има намера да ни воведе такса за дистрибуција на руски гас со образложение дека тоа е само санкција кон Русија, а Бугарија е држава членка на Европската унија и мора да ги практикува политиките на западно европските држави.

Македонските власти преку допис до бугарските власти бараат да се откажат од оваа такса, а помош е побарана и од Европската унија. Експертите веќе посочија дека станува збор за сериозен проблем со кој може да се соочи македонската економија. Бизнисот пак е загрижен поради нови турбуленции во однос на  цените на нивните суровини и енергенси за работа. А политичката сцена во Бугарија е поделена по ова прашање.

Пет дена останаа на располагање за македонските власти да најдат решение односно да ги премислат властите од Бугарија да не воведуваат такса за дистрибуција на гас која ќе чини 10 евра по киловат час. Годишната потрошувачка во земјава на природен гас изнесува 400 милиони тони кубни гас. Доколку се направи математика резулататот ќе биде многу негативен по македонската економија, а со тоа и по џебот на граѓаните. Дел од поголемите индустриски капацитети се приклучени на гас, сите фабрики на странските инвеститори во зоните во Скопје користат гас, а со природен гас се произведува и парно греење за корисниците од главниот град. Според информациите од ресорното министерство се прават напори овој предизвик да биде решен без никакви штети за дражвата.

„Минатата година ние поддршка со стратешките парнери успеавме да обезбдедиме количина од 180 милиони метри кубни, но нашата потрошувачка е 400 милиони метри кубни. Ако се воведе такса за гас од Русија, тогаш треба да се ослободат количините кои ги закупи Гаспром во нашиот интерконектор, со што ќе ни овозможи нас како држава преку пазарна економија, да бараме други извори за снабдување. Ако Бугарија не ги ослободи количините, кои се нивна обврска, освен дописите, ќе почнеме и правна постапка против таа одлука. Не најавив санкции, туку оштета од ЕК или Бугарија за да се покрие разликата од околу 20% во делот на гасот од берзанските цени,   “ велат од министерството за економија.

По информациите од ресорниот министер Крешник Бектеши кој напомена дека е испратен допис до официјална Софија но и до Европската комисија дека ќе бара од Бугарија да се откаже од оваа такса за Македонија, а од Европа да ги покрие штетите доколку Бугарија остане глува на неговите барања, сега се чека потегот кој ќе го направат бугарските власти.

Според медиумите во соседна Бугарија, шефот на државата Рубен Радев, ги оспори пред Уставниот суд одредбите од Законот за контрола за спроведување на рестриктивни мерки во поглед на дејствијата на Русија, со наметнување „енергетски придонес“ за увоз на руски природен гас во Бугарија, како и на негов транзит во Европа преку територијата на Бугарија. Во своето барање до Уставниот суд, бугарскиот претседател Румен Радев наведува, дека се прекршени низа одредби содржани во бугарскиот Устав. Спорните текстови не се во согласност со принципот на законитост на даноците и таксите, бидејќи е нејасна правната природа на новововедениот „придонес“ и дали тој претставува данок, такса или давачка.

Министерот за финансии на Бугарија пак Асен Василев кажа дека Радев со својата постапка се огласил како заштитник на „Гаспром“ против бугарскиот национален интерес. Спорен Василев, претставката нема да го спречи спроведувањето на законот. Според него веќе од 13 октомври таксата се наплатува, а првите трансакции се очекуваат на 14 ноември годинава.

Премиерот на Бугарија пак Николај Денков му се придружи на министерот за финансии во критиките кон претседателот Румен Радев, откако тој поднесе жалба до Уставниот суд за транзитните такси за рускиот гас што минува низ Бугарија.

„Мислам дека со овој чин претседателот всушност не ги штити бугарските интереси. Дали ги штити странските интереси – нека мислат сите. Мислам дека упатувањето до Уставниот суд не е легитимно. Можеби ова ги штити интересите на другите земји – Русија , Србија, Унгарија, но не е ниту на Бугарија“ – ова го изјави премиерот Николај Денков пред новинарите во Брисел.

Во медиумите во Бугарија стои дека намерата на бугарската Влада е доследно да се почитуваат санкциите кон Русија и да не се финансираат дополнително Газпром и Лукоил. Дополнително, со зголемените даноци за руски гас се цели кон забрзаната енергетска диверзификација на регионот, преку употреба на азербејџанскиот гас и природен гас. Од Европската Комисија кажаа дека треба да се стори се што е можно за доследно да се почитуваат санкциите, без јасен одговор дали ваквата промена на овие даноци е во согласност со ЕУ директивите. Единствено кажаа дека одблиску ја следат ситуацијата.

Македонските власти веќе се во пресметки доколку се случи негативното сценарио. Надлежните веќе соопштија дека новата цена на гасот може да биде за 25 отсто повисока доколку остане на сила оваа такса на Бугарија. Во моментов цените на безрите се движат од 40 до 50 евра за мегават час, и ако на тоа се додаде дваесетина проценти зголемување тогаш со сигурност ќе следува нов ценовен шок кој ќе мора да го платат граѓаните.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП