5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИArcelorMittal вложува 92 милиони евра

ArcelorMittal вложува 92 милиони евра

arcelor

Најголемиот светски производител на челик во светот, „ArcelorMittal“, ќе инвестира 92 милиони евра во комплетен ремонт на високите печки во својата филијала во Декерк во Франција.

Работата ќе започне во втората половина на 2015-та година и ќе трае четири месеци.

Оваа инвестиција ја потврдува намерата на групацијата „ArcelorMittal“ на подолг рок да ги засили активностите на француската територија, како дел од рамките на стратегијата за развој на овој, како и на европскиот пазар.

Истиот извор потсетува дека луксембуршкиот гигант преку соопштение се обрати по шест месеци од престанувањето со работата на двете високи печки во Флораж и Лорен, што доведе до конфликт меѓу вработение и дирекцијата, пред нивното конечно затворање во април месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП