22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoldman Sachs купи 50 проценти од Hastings Insurance

Goldman Sachs купи 50 проценти од Hastings Insurance

goldman

Одделението за деловно инвестирање на „Goldman Sachs“ купило 50 процентен удел во „Hastings Insurance“, една од најголемите автомобилски осигурителни компании во Велика Британија.

Со договорот пазарната вредност на осигурителната компанија се одредува на 700 милиони фунти (1,1 милијарди долари).

„Goldman Sachs Merchant Banking“ има инвестирано околу 150 милиони фунти (239 милиони долари ) во компанија преку мешавина на долгот и акции во замена за половина од акциите со право на глас во осигурителната компанија. Шеф на „Hastings Insurance“ е поранешниот извршен директор на „Northern Rock“, Гери Хофман. Самиот Хофман вели дека инвестицијата на „Goldman Sachs“ е „сериозно признание“ за развојот на компанијата со седиште во Источен Сасекс која има 1.500 вработени.

Инвестицијата на „Goldman Sachs“ се очекува на крајот да доведе до котација на „Hastings“ на берзата, иако тоа е малку веројатно да се случи во следните неколку години.

Менаџментот и вработените на „Hastings“ ги поседуваат останатите 50 проценти од компанијата.

Кон крајот на јуни компанијата имала 1.3 милиони корисници или со 17 проценти повеќе на годишна основа, а генерираниот профит пред оданочување бил во износ од 83.3 милиони фунти (132.9 милиони долари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП