Најмладиот екипаж на кинеската вселенска станица Тиангонг денеска полета во орбитата, објави Space.com. Ракетата „Long March 2F“ беше лансирана од вселенскиот центар во пустината Гоби денеска во 5:14 часот по наше време.
Околу 10 минути по полетувањето, леталото се одвои од ракетата, а кинеската Национална вселенска администрација соопшти дека лансирањето било „целосно успешно“.
Ракетата го носи екипажот Шенжу-17, во кој се и командантот на мисијата Танг Хонгбо (48), ветеран од мисијата Шенжу-12 и поранешните борбени пилоти Танг Шенџие (34) и Џијанг Ксинлин (35). Заедно, тие се најмладата екипа што престојувала на Тјангонг или, во превод, „Небеската палата“. Тие треба да стигнат до станицата во текот на денешниот ден.
-Оваа вселенска станица е втора куќа за нас на патот од Земјата до вселената. За да се вратам во вселената по две години, морав целосно да се опоравам физички и психички, и да продолжам да учам и тренирам – изјавил Танг пред полетувањето, а пренесува Space.com.
Во орбитата ќе ги пречека тричлена екипа Џинг Хаипенг, Жу Јенгжу и Гуи Хаичао.