19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТие се најбогатите на планетата

Тие се најбогатите на планетата

shvajcarija121

Швајцарија сеуште е најбогатата земја на планетата, покажа најновото истражување на банката „Кредит Свис“.

И покрај нестабилното економско опкружување, богатството на швајцарските домаќини е зголемено во периодот од средината на 2012 до средината на 2013 година.

Како што пренесува швајцарскиот весник „24 часа“, просечниот имот по глава на жител во Швајцарија на крајот на јуни оваа година изнесувал 513,000 долари, што е за 6,1 проценти повеќе во споредба со една година претходно, и речиси 10 пати повеќе од просечната вредност на имотот на светско ниво (51,600 долари).

На листата на најбогатите, на која доминираа западните земји, зад Швајцарија се наоѓаат и Австралијците со 403,000 долари во просек (+1,3 проценти), а на третото место се наоѓаат Норвежаните со 380,000 долари (+9,3 проценти).

Следи Луксембург со 315,000 долари по жител (+5,4 проценти), САД со 301,000 долари (+11,4 проценти) и Шведска со 299,000 долари (14,6 долари).

На седмото и осмото место, со еднакво просечно богатство по глава на жител се најдоа Франција и Сингапур, единствена земја од истокот на листата на најбогатите, со просечен имот во вредност од 296,000 долари (+8,2 проценти).

Во топ 10 е и Белгија со 256,000 долари и Данска со 255,000 долари по глава на жител.

Што се однесува на екстремно богатите, а тоа се лицата со имот вреден повеќе од 50 милиони долари, се проценува дека нивниот број изнесува 98,700. Меѓу нив 33,900 лица располагаат со имот вреден 100,000 милиони долари, а 3,100 поседуваат богатство поголемо од 500 милиони долари.

Во Северна Америка се наоѓаат 49 проценти од екстремно богатите лица, во Европа 25 проценти и во Азиско-Пацифичкиот регион 22 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП