8 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПукање во САД, најмалку 20 убиени

Пукање во САД, најмалку 20 убиени

Најмалку дваесет лица загинаа, а 50 до 60 се ранети во масовно пукање што се случи во средата во градот Левистон во американската сојузна држава Мејн, јави Си-Ен-Ен повикувајќи се на повеќе полициски извори.

Канцеларијата на шерифот на округот Андроскогин објави две фотографии од осомничениот на Фејсбук, велејќи дека тој е во бегство. Се бара помош од јавноста за да се идентификува осомничениот на сликата, брадест маж во кошула со долги ракави и фармерки кој држи пушка.

Централниот медицински центар Левистон соопшти дека реагира на масовното пукање и дека се координира со регионалните болници за преземање пациенти.

„Сан журнал“, цитирајќи го портпаролот на полицијата во Левистон, објави дека се пукало во два различни објекти, вклучително и ресторан. За настанот беа информирани и американскиот претседател Џо Бајден и гувернерката на Мејн Џенет Милс.

Американскиот претседател Џо Бајден имаше индивидуални телефонски разговори со гувернерката на Мејн Џенет Милс, како и со сенаторите од Мејн Ангус Кинг и Сузан Колинс и конгресменот Џаред Голден, соопшти Белата куќа. Претседателот понуди целосна федерална поддршка по пукањето.

Стотици полицајци се вклучени во потрагата по Роберт Кардо, додека жителите на Левистон и соседниот град Лисабон добија наредба да се евакуираат. Два полициски извори потврдија за Асошиетед прес дека бројот на жртвите се очекува да се зголеми.

Само оваа година имаше 35 масовни престрелки низ САД, при што загинаа најмалку 188 луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП