4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСега е време да ги реализирате проектите – цената на железото се...

Сега е време да ги реализирате проектите – цената на железото се намали за 40%

Цената на железото во земјава значително опадна во последните неколку месеци, откако лани достигна рекордно високо ниво поради војната во Украина.

Ова е добра вест за сите кои планираат да градат или да ги реновираат своите домови.

„Еден шестметарски профил лани го продававме за 1.200 денари, а сега чини 750 денари. Тоа е намалување на цената за дури 40% во однос на минатата година. Се работи за класично стабилизирање на пазарот, окако се зголемија извозите на железо од други земји”, изјави за Денар сопственик на компанија која се занимава со трговија со железо.

За многу граѓани, ова поевтинување на железото им овозможува конечно да ги реализираат своите проекти кои ги одложуваа поради скапотијата на материјалот.

„Уште минатата година сакав да купам железо за да изработам ограда, но цената беше превисока. Сега, кога цената е скоро двојно пониска, можам да го направам тоа без проблем”, ни изјави Роби Цветковиќ, скопјанец кој живее во населбата Бутел.

Експертите велат дека со ова намалување на цените на железото се очекува да опаднат и цените на мајсторските услуги, што ќе придонесе и за подобрување на стандардот и квалитетот на живот на граѓаните.

„Железото е еден од основните материјали за градба и индустрија. Со ниските цени, градежните фирми и приватните инвеститори ќе можат да реализираат повеќе проекти, а тоа ќе отвори повеќе работни места и приходи. Исто така, граѓаните ќе имаат повеќе пари за други потреби и желби, што ќе го зголеми потрошувачкиот оптимизам и довербата во економијата”, коментираат познавачите на приликите.

Експертите предупредуваат дека, сепак, намалувањето на цената на железото не треба да се смета за траен феномен, туку само како привремена состојба која треба да се искористи.

„Цените на железото се подложни на големи поместувања во зависност од глобалната политичка и економска состојба. Затоа, треба да се искористи ова намалување како шанса за развој и модернизација на земјава“, велат експертите.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП