11 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВорен Бафет - човек кој заработува и во криза

Ворен Бафет – човек кој заработува и во криза

voren6

Американскиот милијардер Ворен Бафет заработил околу 10 милијарди долари од инвестициите во големи компании од почетокот на светската финансиска криза.

Се проценува дека овој износ и понатаму ќе расте. Бафет моментално се наоѓа на четвртото место на листата на Форбс на најбогати луѓе во светот.

Како што објави „Вол Стрит Журнал“, Бафет кој ја контролира компанијата „Berkshire Hathaway” остварил 680 милиони долари нето профит откако американската прехранбена компанија „Mars” му врати долг од 4,4 милијарди долари бидејќи го презеде нејзиното претпријатие „Wrigley”. Бафет во „Wrigley” инвестирал  вкупно 6,5 милијарди долари.

Други големи инвестиции на Бафет во кризните години беа инвестициите во банката „Goldman Sachs“ и „Bank of America“, по 5 милијарди долари во секоја, потоа во компаниите „General Electric“ и „Dow Chemical“ по 3 милијарди долари, додека во осигурителната групација „Swiss Re“ инвестирал 2,7 милијарди долари. Вкупната добивка која Бафет ја оствари благодарение на тие инвестиции веќе достигна 9,95 милијарди долари.

Оваа стратегија целосно одговара на принципите според кои Бафет го води бизнисот „Биди срамежлив кога другите се алчни, биди алчен кога другите се срамежливи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП