3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФајненшл Тајмс: ЕУ размислува за продолжување на плафонот на цената на гасот

Фајненшл Тајмс: ЕУ размислува за продолжување на плафонот на цената на гасот

Европската унија размислува за продолжување на вонредната граница на цената на гасот воведена во февруари, поради загриженоста дека конфликтот на Блискиот исток и саботажата на гасоводот на Балтикот би можеле повторно да ги зголемат цените на гасот оваа зима, пишува денеска „Фајненшл тајмс“.

Европската комисија објави дека нема индикации за негативни ефекти од стапувањето во сила на мерката и дека цените на природниот гас сега се речиси 90 отсто пониски од минатата година, се вели во извештајот на весникот во кој се цитира презентација пред дипломатите на ЕУ, пренесе Ројтерс.

Ограничувањето беше воведено по неколкунеделни напнати разговори меѓу земјите-членки, при што Германија и Австрија првично се спротивставија на неговото воведување, тврдејќи дека тоа ќе го наруши пазарот.

Но, ограничувањето на цената не влијаеше на увозот на гас во ЕУ, се забележува во презентацијата.

Високи дипломати и претставници на ЕУ рекоа дека, и покрај падот на цените на енергијата и рекордното складирање на гас во ЕУ, испораките може да бидат погодени оваа зима од војната меѓу Израел и Хамас и потенцијалните чинови на саботажа на гасната инфраструктура.

Комисијата треба да излезе со предлог во ноември со кој ќе потврди кои од итните енергетски мерки, кои вклучуваат ограничувања на цената на гасот, мерки за лиценцирање и правила кои обезбедуваат снабдувањето со гас да се дели меѓу земјите-членки, треба да се продолжи.

Доброволните мерки за намалување на побарувачката на гас за 15 отсто веќе се продолжени до март 2024 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП