2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТШредер: САД не и дозволија на Украина да ги продолжи преговорите со...

Шредер: САД не и дозволија на Украина да ги продолжи преговорите со Русија минатата година

САД не и дозволија на Украина да ги продолжи мировните преговори со Русија минатата година, изјави поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.

Шредер во интервју за „Берлинер цајтунг“ изјави дека украинската страна на чело со Рустем Умеров на мировните преговори во март 2022 година во Истанбул не се согласила на мир бидејќи тоа не и било дозволено.

Шредер изјави дека првично Украинците биле принудени да разговараат за сите прашања поврзани со мировните преговори со Русија со Вашингтон и дека во тоа време Киев бил подготвен да се откаже од членството во НАТО и да разговара за Крим.

„Но, на крајот ништо не се случи. „Мој впечаток: ништо не можеше да се случи затоа што се друго беше решено во Вашингтон“, рече Шредер.

Тој оцени дека европските дипломати не успеале во посредништвото за постигнување мировен договор меѓу Русија и Украина.

Како резултат на тоа, Русија сега ќе има поблиски односи со Кина, што Западот не требаше да го дозволи, рече Шредер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП