4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрашање на време е кога Словенија ќе побара помош

Прашање на време е кога Словенија ќе побара помош

slovenija1

Аналитичарите на НЛБ фондовите сметаат дека европската помош за Словенија е само прашање на време.

Тие наведуваат дека и покрај проблемите, официјална Љубљана не презема речиси никакви реформи освен подигнувањето на даноците кои дополнително ја гушат економијата.

Аналитичарите на НЛБ наведуваат дека во 2010 година предупредија за потребата на структурни реформи, а во јуни оваа година јасно предупредија дека Словенија без итни и одлучни мерки ќе биде присилена да побара помош.

„Денес помошта од Европскиот стабилизационен механизам (ЕСМ) е повеќе веројатна, при што, во медиумите најчество се споменува помош според шпанскиот модел, која беше фокусирана на реформите и реструктуирањето на банкарскиот систем“, наведуваат аналитичарите.

За Словенија, како што заклучуваат, најдобро би било сама да преземе реформи и да ги санира банките, со цел да го поврати изгубениот кредибилитет кај инвеститорите.

Банката на Словенија вчера ја намали прогнозата за раст на домашната економија, најавувајќи подлабока рецесија од претходно очекуваната, и не отфрлувајќи ја можноста да се побара меѓународна помош.

Според најновите прогнози на банката, БДП на Словенија оваа година ќе потоне за 2,6 проценти, додека во следната година ќе биде намален за 0,7 проценти, наместо претходно прогнозираниот раст од 0,5 проценти.

Словенечката економија дури во 2015 година ќе се врати на растот од 1,4 проценти, за прв пат од 2011 година, проценува Банката на Словенија.

ММФ, исто така, вчера ја намали прогнозата за економскиот раст на Словенија, предвидувајќи пад од 2,6 проценти во оваа година и пад на БДП од 1,4 проценти во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП