2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо кои земји се најиновативните компании?

Во кои земји се најиновативните компании?

inovativnikompanii1

На листата на Ројтерс за првите 100 најиновативни компании во светот се наоѓаат дури 12 француски групации, така што Франција според бројот на патенти го завзема третото место, зад САД и Јапонија, пренесува агенцијата Франс прес.

Ројтерс, како критериум за иновативноста го зема вкупниот број на патенти, односно бројот на одобрени во однос на бројот на пријавени, како и географскиот опсег и угледот.

Од француските групации, на оваа листа се девет компании „Alcatel-Lucent“, „Arkema“, „EADS“, „Loreal“, „Michelin“, „Saint Gobain“, „Thales“, „Safran“ и „Valeo“, како и трите организации „CEA“, „CNRS“ и „Energies Nouvelles“.

Според овој извештај, доминантното место во иновативноста им припаѓа на САД кои на оваа ранг листа имаат 45 групации и Јапонија со 28, додека Кина нема претставник на листата за најиновативни компании.

Во извештајот на Ројтерс се наведува дека 100-те групации кои се најиновативни оствариле вкупен приход од работењето од 4,500 милијарди долари, што е двојно повеќе од БДП на Велика Британија.

Тие инвестирале 223 милијарди долари во истражувањето и развојот, односно 8,8 проценти повеќе од 500 компании на „Вол Стрит“ заедно.

Што се однесува до активностите, во секторот за мобилни телефони има најмногу иновации, од каде произлегоа многу несогласувања околу патентите меѓу компаниите гиганти како „Apple“, „Samsung“, „Google“, „BlackBerry“ и „Microsoft“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП