2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕве каков ќе биде новиот предводник на „Lancia“ (ФОТО)

Еве каков ќе биде новиот предводник на „Lancia“ (ФОТО)

Има уште малку време до официјалното деби на новиот предводник на „Lancia“, но компанијата објавува информации за тоа. И веќе некои факти може да се потврдат со сигурност.

Досега се знаеше дека „Lancia Gamma“, како што ќе се вика идниот модел, ќе се произведува во фабриката во Мелфи (Италија) заедно со уште 4 автомобили од групата „Stellantis“ изградени на истата платформа „STLA Medium“. Затоа, се очекува опсег на едно полнење од околу 700 km.

Сега италијанскиот производител открива детали за големината и стилот на каросеријата. Новиот предводник ќе биде долг 4,7 метри – долг колку и „BMW 3-Series“, но ќе добие „fastback“ каросерија, што ќе го доближи до „Citroen C5-X“. Ова не е класичен седан, туку големо купе со висок заден капак, што овозможува полесен пристап до багажникот.

Сѐ уште не е познато какви дизајнерски решенија ќе добие новата „Lancia Gamma“, но сигурно е дека некои детали ќе бидат преземени од концептот „Pu+Ra HPE“ (на сликата), почнувајќи од предниот дел со специфично осветлување, што е почит на „Lancia“ модели од минатото.

Од претходно претставениот прототип, идниот модел ќе ја добие и внатрешноста. Не треба да се очекуваат многу посебни седишта, бидејќи амбицијата на дизајнерите е да рекреираат дневна соба, но на тркала. Автомобилот ќе понуди високо ниво на удобност и внимание на секој детал, бидејќи „Lancia“ спаѓа во премиум гамата на „Stellantis“ заедно со „DS“ и „Alfa Romeo“.

Внатрешната опрема треба да вклучува специјално дизајниран тапацир, централна конзола и напреден систем за информации и забава.

Како што веќе стана јасно, новата гама ќе се составува во фабриката на Мелфи заедно со теренецот на брендот „DS“ и новата генерација на „Jeep Compass“. Сите модели се засновани на платформата „STLA Medium“, дизајнирана да прими и електрични мотори и термички единици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП