3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGTA V собори 7 Гинисови рекорди (досега)

GTA V собори 7 Гинисови рекорди (досега)

gtaa

Од првата најава практично се знаеше дека сите „полудеа“ за „Grand Theft Auto V“, а така и беше. Денеска и Гинисовата Книга на Рекорди го потврди тоа.

Организацијата, која внимава на се што ќе излезе од досегашните рамки, потврди дека новата игра од култната франшиза собори седум рекорди, а меѓу нив е и за најпродавана игра во серијалот.

„Take-Two Interactive“, сопственикот на „Rockstar Games“, објави дека играта заработила 800 милиони долари во текот на првиот ден од продажбата и достигна милијарда за само три дена.

Сите рекорди на „Grand Theft Auto V“:

– Најдобро продавана акционо-авантуристичка видео игра во текот на 24 часа.

– Најдобро продавана видео игра во текот на 24 часа.

– Најбрзо продавана забавна „единица“ која достигнала една милијарда долари.

– Видео игра која најбрзо стигнала до милијарда долари.

– Видео игра која најмногу заработила за 24 часа.

– Најголема заработка која некој забавен артикал успеал да ја генерира за 24 часа.

– Трејлер со најмногу прегледи за акционо-авантуристичка игра.

„„Гејмингот“ не е веќе само хоби без некоја посебна вредност, а тоа го докажа „GTA V“ и навистина е возбудливо што го предизвикаа на борба Холивуд и го победи“, вели Крег Глендеј, уредникот на „Guinness Book of World Records“.

„„GTA“ апсолутно заслужува да биде прифатена и препозната како „икона на модерното време“ и британската култура. Наша голема чест е што играта влезе во нашата книга“, додава Глендеј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП