26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБитката за Видиќ!

Битката за Видиќ!

vidic

Капитенот на Јунајтед, Немања Видиќ би можел да ја напушти Англија во текот на летото, затоа што засега нема информации дали ќе му биде понуден нов договор. Па така практично сите најголеми европски клубови ќе се обидат да го доведат во своите редови.

Дејвид Мојс најави дека на Видиќ може да му се понуди нов договор, но преговорите не се започнати, ниту клубот има во план тоа да го стори во наредните месеци.

Од друга страна, се почесто се зборува дека Јунајтед се обидува да го купи Невен Суботиќ, па најверојатно доаѓањето на некој дефанзивец, значи дека Видиќ не е прв избор.

Како што стојат работите, во случај да биде слободен играч налето, тој најверојатно ќе ја напушти Англија.

Во тој случај ќе видиме вистинска војна за репрезентативецот на Србија, затоа што за него се заинтересирани Баерн Минхен, Барселона, Милан и Јувентус. Секој има свои адути, но и причина поради која го посакуваат Видиќ.

Гвардиола верува дека со својата цврстина многу би им значел на „баварците“ во последната линија, а тој го посакуваше и во редовите на Барса.

Барселона бара дефанзивец, па Видиќ би можел да биде вистински поклон за Тата Мартино, поради тоа што во последно време Пујол е често повреден.

Одбраната на Милан не делува сигурно, а што се однесува до Јувентус, тие се надеваат дека поради добрите односи со агентот на Видиќ, Силвано Мартино ќе бидат во предност.

Договорот на Видиќ истекува во летото 2014-та, но парите не се во прашање, затоа што тој несака да биде алтернатива, односно да чека шанса од клупата. Од друга страна тој не се гледа себеси во некој друг англиски клуб.

Од јануари, ако не го продолжи договорот, тој може да започне со преговори со некои други клубови.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП