28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКамион за 21-виот век: „Volvo SuperTruck 2“ (ВИДЕО)

Камион за 21-виот век: „Volvo SuperTruck 2“ (ВИДЕО)

Шведската компанија „Volvo“ подготви камион за новата ера.

Тоа е „Volvo SuperTruck 2“, кој беше претставен по повеќе од шест години развој.

Имено, вака му одговорија на американското Министерство за енергетика, кое во 2016-та година го предизвика „Volvo“ да дизајнира камион кој би бил 100% поефикасен од сегашната генерација на возила од овој тип.

Како што тврдат од „Volvo“, не само што успеале во тоа, туку и ја надминале целта. Се вели дека „SuperTruck 2“ е 134% поефикасен од камион со слични перформанси произведен во 2009-та година.

Како што посочуваат, за ова е најзаслужен напредокот во областа на аеродинамиката и материјалната технологија. Почетокот е кабина во облик на клин, а задниот крај е дизајниран да донесе 50% намалување на отпорот на воздухот.

Дополнително, според „Volvo“, погонот е засилен со 40-волтна хибридна технологија, која заштедува на потрошувачката на гориво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП