23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcKesson нуди 3,7 милијарди евра за Celesio

McKesson нуди 3,7 милијарди евра за Celesio

h

Американскиот дистрибутер на лекови „McKesson“ е во напредна фаза на преговори за купување на мнозинскиот дел во германскиот ривал „Celesio“.

Мнозинскиот акционер на „Celesio“, „Franz Heniel & Cie GmbH“, држи 50,01 проценти од уделот во германскиот дистрибутер.

Според последната понуда, „McKesson“ нуди 3,74 милијарди евра за акциите на „Celesio“ (околу 22 евра по акција), односно премија од речиси 30 проценти. Освен тоа, „McKesson“ исто така, ќе даде доброволна понуда за преземање на сите акции на „Celesio“.

„Celesio“ е еден од трите најголеми фармацевтски дистрибутери во Европа. Неговата потенцијална продажба е поттикната со растечките трошоци, медицинските трошоци и намалувањето на потрошувачката на владите во Европа.

Минатата година, „Celesio“ забележа 22,3 милијарди евра приходи и пилагодена ЕБИТДА од 580 милиони евра. Основната дејност на компанијата, трговијата на големо, придонесе со 84 проценти од приходите од продажбата и 56 проценти ЕБИТДА, додека преостанатите 16 проценти се остварени со продажба на сопствените и партнерските лекови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП