21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ прогнозира раст на грчката економија од 0,6 отсто во 2014 година

ММФ прогнозира раст на грчката економија од 0,6 отсто во 2014 година

mmf

Грција ќе забележи економски раст од 0,6 отсто во 2014 година, по падот од 4,2 процента оваа година, предвидува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својот извештај за перспективите на светската економија.

ММФ прогнозира постепен раст на грчката економија, очекувајќи темпота на пораст да достигне 2,2 отсто во четвртиот квартал од следната година, наспроти рецесијата од 2,6 проценти во истиот период оваа година.

Во извештајот се предвидува стапката на инфлацијата во Грција да остане негативна и во текот на следната година и да изнесува -0,8 отсто, наспроти -0,4 проценти оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП