27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlitalia повторно на работ од колапсот

Alitalia повторно на работ од колапсот

alitalia1

На италијанската авиокомпанија „Alitalija“ неопходини и се 300 милиони евра за да може да продолжи со работа.

Како што пренесуваат локалните медиуми, раководството на Советот на директори на авиокомпанијата во соработка со владата е во потрага по партнер за докапитализација.

Од самиот почеток на кризата „Alitalia“ е фокусирана на интеграцијата со француско-холандската компанија „Er Frans-KLM“, која веќе е сопственик на 25 проценти од акциите во италијанската компанија. Но, на оваа компанија не и се брза да ја зголеми сопственоста во „Alitalia“

Премиерот на Италија, Енрико Лета, изјави дека во сегашните услови „Alitalia“ не може да го сочува суверенитетот.

Задолженоста на „Alitalia“ се проценува на 1,1 милијарда евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП