26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗапочна производството на McLaren P1

Започна производството на McLaren P1

mclaren

„McLaren“ го објави официјалниот почеток на производството на својот нов модел „P1“. Меѓутоа, скоро сите купувачи кои беа во можност да издвојат милион евра за овој автомобил, веќе го нарачаа својот примерок, така да преостанаа уште неколку непродадени возила.

Првите примероци на топ-моделот на „McLaren“ наскоро ќе бидат испорачани на своите сопственици, а компанијата соопшти дека ќе бидат произведени само 375 автомобили.

„McLaren P1“ беше претставен на саемот за автомобили во Париз во 2012-та година, а на женевскиот саем кој се одржа во март месец беше прикажана сериската верзија, која премногу не се разликуваше од концептната верзија.

mclaren1

Шасијата на ова возило е изработена од јаглеродни влакна и е тешка само 100kg. Од британскиот производител велат дека ваквата шасија на автомобилот му обезбедува сигурност и крутост како кај болидот од Формула 1.

Срцето на автомобилот го прави хибридниот погонски систем кој се состои од 3.8 литарски V8 „twin-turbo“ бензински мотор со 737 ks и 720 Nm, како и електромотор кој располага со дополнителни 179 ks. Комбинираната моќ на „McLarena P1“ изнесува 916 ks, a вкупниот вртежен момент е 900 Nm. Моќта се пренесува на тркалата преку автоматскиот седумстепен менувач.

mclaren2

Автомобилот oд 0 дo 100 km/h забрзува за помалку од 3 секунди, додека до 200 km/h му е потребно нешто под 7 секунди. По 17 секунди, „P1“ достигнува 300 km/h, додека максималната брзина е електронски ограничена на 350 km/h.

Почетната цена на автомобилот во Велика Британија изнесува 866.000 фунти или околу 1.026.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП