27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се солидаризираат ли уставните судии, бизнисот да не плаќа солидарен данок?!

Ќе се солидаризираат ли уставните судии, бизнисот да не плаќа солидарен данок?!

Најголемото бизнис здружение, Стопанската комора до Уставниот суд ја достави Иницијативата за оценување на оценување на уставноста на законското решение за еднократен данок на солидарност. Сега се е во рацете на уставните судии. Од друга страна властите не попуштаат и инсистираат данокот навремено да биде платен, со образложение дека со парите од оваа давачка ќе се воведат нови мерки токму за поддршка на стопанството.

Ова иницијатива според Стопанската комора се прави со цел членките да ова бизнис здружение да бидат заштитени и да не се дозволи воведување на нова давачка во година во која стопанството се соочува со нарушена ликвидност. Од комората уште еднаш побараа од членките да се обединат со што ќе се испрати една силна порака до Владата со која ќе се потенцира решителноста на бизнисот дека не прифаќа некој од страна да им диктира за што ќе ги трошат нивните пари.

„Сакаме уште еднаш да потврдиме дека бизнисот е целосно усогласен во однос на забелешките кон Законот за данок за солидарност, кои се поддржани и од највисоките органи и тела на Комората, предводени од Клуб 100, а поддржани и од Управниот одбор, Надзорниот одбор, од Собранието на Комората, Советот на странски инвеститори и од другите бизнис организации“, велат од Стопанската комора.

Од владата пак велат дека нејасен им е ставот на компаниите што упорно се против оваа еднократна давачка. Од Илинденска број два додаваат дека средствата кои ќе бидат собрани ќе се искористат за нови мерки за поддрка на бизнисот. Напоменуваат дека во овие неколку години кога на фирмите им беше неопходна помош, токму државата е таа која навремено реагирала и помагала на сите компании за полесно да ја пребродат кризата.

„Ние опфативме одредена категорија на компании со данокот на солидарност, а никој не кажа дека тоа е нужна мерка и да се прошири опфатот, а секако тие се тие кои профитираат најмногу и тоа на грбот на граѓаните, на оние на кои е нужно да им се помогне“, велат од владата.

Пред речиси еден месец парламентарното мнозинство гласаше за воведување на солидарен данок. Со оваа давачка компаниите се должни да платат екстра данок доколку лани остварле приход над 10 милиони евра. Висината на данокот изнесува 30 отсто, но само на разликата на сумата од просекот од последните три години. Според пресметките од овој данок треба да се соберат околу 70 милиони евра од околу 200 компании. Законот предвидува и казнени одредби за непочитувачите. Висината на глобата е според големината на казната, па така највисоката парична казна изнесува шест илјади евра.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП