Готвачот Мајкл Кјарело почина минатата недела од алергиска реакција која резултираше со анафилактичен шок. Сѐ уште не се познати деталите за тоа како дошло до алергиската реакција. Алергиите на храна погодуваат околу 4% од возрасните и 8% од децата, според Клиниката Мајо.
„За некои луѓе, алергиската реакција на одредена храна може да биде непријатна, но не и тешка. За други, алергиската реакција на храна може да биде застрашувачка, па дури и опасна по живот“, објаснуваат лекарите на веб-страницата на клиниката.
Симптомите на алергија на храна обично се развиваат во рок од неколку минути до два часа по консумирањето на храната. Предупредувачките знаци на кои треба да внимавате вклучуваат чешање, вознемирен стомак, симптоми кои влијаат на увото, грлото и носот и вртоглавица и/или несвестица.
Чешање
Печење или чешање во устата и осип, придружени со отекување на усните, јазикот, лицето и грлото се симптоми кои не треба да се игнорираат.
Проблеми со стомакот
Гадење и проблеми со варењето најчесто се поврзуваат со алергии на храна. Може да се појави и повраќање или дијареа.
Симптоми кои влијаат на увото, грлото и носот
Според клиниката Мајо, отежнато дишење, засипнатост и назална конгестија се дополнителни симптоми на алергија на храна.
Вртоглавица и/или несвестица
Контактирајте го вашиот лекар или алерголог ако почувствувате симптоми на алергија на храна кратко време по јадење. Ако е можно, контактирајте го вашиот лекар веднаш штом ќе се појави алергиска реакција. Ова ќе ја олесни дијагнозата.
Имајте на ум дека најголемиот ризик со алергии на храна, како што беше случајот со Кјарело, е анафилакса – опасна по живот состојба која предизвикува стеснување на дишните патишта и силен пад на крвниот притисок. Тинејџерите и децата се особено изложени на висок ризик од анафилакса, што може да доведе до кома, како и оние со историја на астма. Некои знаци на анафилактичен шок вклучуваат отежнато дишење, зацрвенета кожа, чешање на дланките или стапалата и забрзан пулс.
Што се однесува до храната, најчестите алергени, кои предизвикуваат 90 отсто од сериозните реакции и анафилакса, се школките, кикиритките, јаткастите плодови, рибата, јајцата, млекото, пченицата, сојата и сусамот, велат од Клиниката во Кливленд.