4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Mercedes“ претстави нов е-камион: Станува профитабилен по пет години користење (ФОТО/ВИДЕО)

„Mercedes“ претстави нов е-камион: Станува профитабилен по пет години користење (ФОТО/ВИДЕО)

Компанијата „Daimler“ во вторникот го претстави „камионот на иднината“, електричниот „Mercedes eActros 600“ со автономија од 500 километри, за кој верува дека веднаш ќе започне да ги заменува дизел-флотите во Европа и светот.

Фабриката ќе почне да прима нарачки веќе оваа година, а сериското производство ќе започне на крајот на следната година, објави компанијата на претставувањето на камионот на автопатот кај Егесторф во Долна Саксонија. Батеријата со капацитет од над 600 kWh овозможува голема автономија!

На долг рок, електричните камиони можат да ги заменат повеќето камиони со дизел погон, според „Daimler“. Периодот на замена, секако, зависи од трошоците во различни земји, вклучувајќи ја и цената на струјата и дизелот, како што се и патарините.

На пример, во Германија и Франција, електричен камион во сегашните околности, и покрај два до два ипол пати поголема набавна цена, станува поисплатлив по пет години користење, односно поминати 600.000 километри, велат од компанијата.

Прецизни податоци за цената на „eActros“, сепак, сѐ уште не се објавени од „Daimler“.

Карин Радстром од одборот на директори на „Daimler Trucks“ изјави за „dpa“ дека поради економските пресметки, веќе во 2030-та година, три од пет нови камиони на продажба би можеле да бидат електрични.

Според неа, изградбата на потребната инфраструктура е поголем предизвик од развојот на електричните товарни возила, а од тоа ќе зависи и брзината на електрификација во транспортниот сектор.

Како што е наведено, возилото е технички дизајнирано за комбинирана вкупна маса до 44 тони, што ја вклучува масата на акумулатори, возило и приколка. Меѓутоа, кога на камионот е прикачена стандардна приколка, таа може да носи до 22 тони носивост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП