1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција очекува раст на извозот

Франција очекува раст на извозот

francija6

Франција може да се надева на раст на извозот на среден рок од четири до пет проценти годишно, благодарение пред се, на индустријата и сообраќајот.

Растот на фрaнцускиот извоз на тој начин ќе биде два пати понизок од оној кој се предвидува за меѓународната трговија (осум проценти), за периодот од 2014-2030, покажува истражувањето кое го спроведе британската банка „HSBC“.

„HSBC“ во соопштението прецизираше дека во овој момент очекувањата на француските компании поврзани со надворешната трговија се песимистични, но дека подобрувањето се предвидува на почетокот на 2015 година, така што прогнозата за раст на извозот до 2030 година е од четири до пет проценти годишно.

Британската банка оценува дека француската авио и одбранбена индустрија ќе профитира од силната побарувачка, бидејќи е одржано високото ниво на иновативност и продуктивност.

Други активности кои ќе придонесат до побрз раст на извозот, се секторот за транспорт и земјоделско-прехрамбениот сектор.

Банаката, исто така, предвидува дека до 2030 година Германија ќе остане главен клиент за француските производи, додека на самиот врв ќе бидат и Велика Британија, САД, но и Кина и Турција.

Спротивно на тоа, до 2030 година, Франција, како главен странски пазар за германска стока, ќе ја замени Кина, оценуваат експертите на „HSBC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП