3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ја намали прогнозата за раст на САД

ММФ ја намали прогнозата за раст на САД

mmf3

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали прогнозата за раст на економијата на САД, со предупредување дека политичкиот застој во Вашингтон би можел дополнително да го загрози растот.

Во најновиот извештај „Перспективите на светската економија“, ММФ наведе дека економијата на САД оваа година ќе се зголеми за 1,6 проценти, а во 2014 година за 2,6 проценти, во споредба со претходните проценки од 1,7 проценти односно 2,8 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Најновото намалување на прогнозата е последица од влијанието на острото намалување на потрошувачката кое американската влада го најави на почетокот на оваа година, со цел да се намали буџетскиот дефицит.

Како што наведува оваа институција, на економијата на САД и е потребна политиката на Банката на федерални резерви за монетарно олабавување, односно поттикнувачка програма во износ од 85 милијарди долари месечно.

ММФ, сепак, порача дека растот во САД ќе забрза во текот на наредната година. Од ММФ предупредија дека продолжувањето на полтичката криза околу федералниот буџет и границите за задолжување, како и заострувањето на условите за финансирање, можат сериозно да му наштетат на растот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП