2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТИзраел: Имаме целосна контрола над границата

Израел: Имаме целосна контрола над границата

Израел целосно ја обнови контролата над границата со Појасот Газа, соопшти војската.

Портпаролот рече дека не биле пријавени дополнителни инфилтрации во изминатите 24 часа и дека нема докази за прекугранични тунели, соопшти военото радио.

Да потсетиме, на вчерашниот брифинг беше речено дека се уште се водат борби на дури осум територии на границата со Израел. Ако извештајот на IDF е точен, се чини дека сите борци на Хамас се вратени во Газа. Портпаролот додаде дека израелските одбранбени сили (IDF) детонираат делови од граничната ограда што ја пробија борците на Хамас во саботата.

САД веќе почнаа да ја доставуваат критично потребната муниција и воена опрема на Израел, соопшти синоќа Белата куќа, додавајќи дека Пентагон ги прегледува своите резерви за да види што друго може брзо да испрати за да го зајакне својот сојузник во тридневната војна со Хамас.

Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност, синоќа потврди дека првата пратка воена помош по насилниот напад на милитантите на Хамас „заминала“ за Израел. Пратката дојде додека претседателот Џо Бајден се подготвуваше да ги даде своите први официјални изјави за нападите од Белата куќа, откако потврди дека најмалку 11 aмериканци биле убиени во насилството во текот на викендот.

„Целосно очекуваме дека ќе има дополнителни барања за безбедносна помош за Израел бидејќи тие продолжуваат да трошат муниција во оваа борба“, рече Кирби. „Ќе бидеме во чекор со нив, осигурувајќи се дека ќе ги задоволиме нивните потреби најдобро што можеме и што е можно побрзо.

Израелските одбранбени сили (IDF) именуваа уште 38 војници убиени во конфликтот со Хамас што започна во саботата. На почетокот на четвртиот ден од конфликтот беше потврдено дека се убиени 123 израелски војници. Сите 38 именувани војници загинале во последните 24 часа од борбите, изјави војник на IDF. Нивните имиња, возраст, чинови и фотографии беа објавени на владина веб-страница посветена на „паднатите херои од железниот меч“ – името на операцијата што ја објави IDF по упадот на Хамас во саботата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП