2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКриза? Скокна продажбата на најскапите модели на „Mercedes“ и „BMW“!

Криза? Скокна продажбата на најскапите модели на „Mercedes“ и „BMW“!

Во „AMG“ и „M“ дивизиите на германските производители задоволно ги тријат рацете.

Последните податоци укажуваат дека закрепнувањето на автомобилскиот пазар оваа година ги погоди сите домени. Кога станува збор за Европа, тоа е забележливо дури и во подсегментот на особено атрактивни премиум спортски автомобили. Една марка особено се истакна, истакнува „Motor1“.

Тоа е „BMW“, чија „М“ дивизија продаде дури 19.600 автомобили во Европа во првата половина од оваа година. Верувале или не, тоа е зголемување од 58 проценти. Ако на тоа се додадат уште 16.400 продадени примероци во Америка, јасно е дека „BMW“ задоволно трие раце.

Станува збор за „вистински“ модели на „М“, а не за оние спортски верзии на обични модели, како што е, на пример, „M340i“. Така, моќниот „SUV XM“, кој е еден од најскапите и најтешките во „BMW“, продаде повеќе од 1.000 примероци, како во Европа, така и во САД.

Можат да се задоволат и во „Mercedes“. Одделот „AMG“ годинава забележа продажба на 13.700 возила, што е плус од дури 57 проценти.

Најголем удел во продажбата имаше легендарната „G“-класа, поточно „G63“, на која отпаѓа четвртина од продажбата на „AMG“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП