2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинезите за една недела потрошиле 142 милијарди долари

Кинезите за една недела потрошиле 142 милијарди долари

kinesi

Од 1-ви до 7-ми октомври, во неделата која се одбележува основањето на Народна Република Кина, трговските синџири во Кина оствариле промет од 870 милијарди јуани (142 милијарди долари).

Во овој износ влегуваат и заработките на рестораните и другите угостителски објекти.

Според податоците на Министерството за трговија, ова е за 13.6 проценти повеќе отколку во минатата година за време на националниот празник.

Овој период се нарекува „златната недела“, затоа што во тоа време се и најголемите попусти во Кина. Дури и најскапите ресторани за време на празникот имаат големи попусти.

Во текот на „златната недела“ милиони кинези заминуваат на одмор, а во тоа време е и најголемата посета на туристи на Кина.

Постои уште една „златна недела“ за трговците и купувачите, а таа е на крајот на јануари и почетокот на февруари, со цел да ја прослават кинеската нова година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП