2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИА1 Македонија заедно со своите корисници, петта година по ред ја одбележа...

А1 Македонија заедно со своите корисници, петта година по ред ја одбележа Светската недела посветена на Грижата за корисници

Петта година по ред А1 Македонија ја одбележа Светската недела посветена на Грижата за корисници, “CS Week 2023”, која оваа година е под мотото „Team Service”.

Како компанија со високоразвиена Грижа за корисници, чија главна цел е врвното корисничко искуство, А1 организираше низа едукативни работилници за вработените од Службата за грижа на корисници кои секојдневно работат и опслужуваат повеќе од 7000 корисници на дневно ниво.

Со особено задоволство, А1 беше домаќин и на група корисници кои имаа можност да се запознаат со работата на Службата за грижа на корисници, да разговараат и во живо да се сретнат со агентите со кои комуницираат за своите барања и потреби поврзани со услугите на А1 Македонија.

“Врвното корисничко искуство е наша цел, па покрај тоа што сме достапни 24 часа во денот, 7 дена во неделата и 365 дена во годината, постојано работиме на иновативни алатки со кои на корисниците ќе им овозможиме побрзо и полесно да дојдат до услугите на А1. Со одбележување на Светската недела посветена на Грижата за корисници ставаме акцент на важноста на корисниците, но и на колегите кои секојдневно работат и ги опслужуваат – колегите од инфо линија, онлајн поддршка, телефонска продажба и колегите од А1 Live Shop. Дополнително, со цел унапредување на вештините на нашите агенти, а со тоа и уште подобра корисничка поддршка преку предавања на експерти од различни сфери на работењето дознавме за нови искуства, достигнувања и светски трендови кои во моментот се актуелни, а се од полето на грижа за корисници“ – изјави Борче Ѓорѓески, Раководител на Служба за грижа на корисници на А1 Македонија.

А1 Македонија постојано инвестира во алатки со кои на ќе им обозможат брза и лесна комуникација и интеракција со Службата за грижа на корисници. Покрај агентите кои се достапни преку телефон, своите услуги и потребни информации корисниците може да добијат преку социјални мрежи, преку Четбот Славчо, кој е базиран на вештачка интелигенција, кој дури 85% од сите конверзации ги завршува самостојно. А1 ја има и првата и единствена виртуелна продавница А1 Live Shop, каде што корисниците од удобноста на својот дом разговараат во живо директно со продажен агент на А1 и можат да го направат својот избор на услуга.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП