18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFIAT 500L Living: Oд Торино до Париз со 27 литри

FIAT 500L Living: Oд Торино до Париз со 27 литри

fiat l

Моделот „500L Living“ на почетокот на октомври беше подложен на тестот „Diesel Challenge“ кој го организираше компанијата „Bosch“. Во текот на овој тест беше поминато растојанието од Торино до Париз кое изнесува скоро 800км, при што тест-автомобилите во просек потрошиле само 27 литри дизел гориво.

Флотата на возила „FIAT 500L Living“ беа опремени со 1.6 литарски „MultiJet II“ мотори со 105 KS. Тие на први октомври тргнаа од Торино, а следното утро пристигнаа во центарот на Париз, притоа поминувајќи околу 800 километри.

Тимовите го поминаа растојанието со просечна потрошувачка од 27 литри дизел гориво, што одговара во просек на поминати 30 километри со еден литар, односно 3.33 литри на 100 километри.

Оваа манифестација која ја организираше „Bosch“ е со цел да се покаже потенцијалот на дизел моторите во поглед на високите перформанси, ниската потрошувачка на гориво и ниската емисија на „CO2“, благодарејќи на инјекторите кои ги произведува оваа компанија, а кои се поедноставни и посигруни, затоа што структурата им е поедноставна и имаат 40 проценти помалку делови.

Новиот тип на инјектори го унапредува процесот на согорување, па негова предност се потивката работа и помалата емисија на честици и азот-оксид.

Инженерите на компаниите „Bosch“ и „FIAT“ заедно работата на унапредување на дизел технологијата од 1990-та година, а  оттогаш меѓу останатото успеаа значително да ги намалт одредените емисии, емисијата на азот-оксид за 96 проценти и емисијата на честички за 98 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП