28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Cadillac“ се враќа во Европа

„Cadillac“ се враќа во Европа

„General Motors“ го официјализира своето враќање во Европа со понуда за швајцарските купувачи.

Електричниот SUV „Cadillac Lyriq“ е во продажба, со испораки од мај или април 2024-та година. Понудата наскоро ќе биде проширена на Франција, Шведска и уште три пазари кои допрва треба да бидат откриени.

Враќањето на „GM“ во Европа веќе беше најавено пролетта минатата година, а како дел од „електричната офанзива“ се очекуваше „Cadillac“ да се појави прв во нордиските земји.

Сепак, тие ја избраа Швајцарија како нивен клучен пазар за повторно да започнат со европските операции.

Првиот модел е „Lyriq“, пет метри долг, но елегантен теренец со цена од 85.000 евра и автономија од 530 километри. Продажбата се одвива директно онлајн или во главната продавница во Цирих.

Досега бројот на продадени примероци на моделот „Lyriq“ не е задоволителен на домашниот пазар, па останува да се види како ќе помине во европските корпоративни кругови. Од брендовите на „General Motors“, „Chevrolet Equinox EV“ и „Blazer EV“ се очекува да се приклучат на „Lyriq“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП