2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА10 совети кои „ќе ве освестат“

10 совети кои „ќе ве освестат“

regular1

Социологот Едвард Џејсон ви нуди 10 совети кои „ќе ве освестат“ и ќе ви помогнат да не добиете отказ поради непримерното однесување, за кое можеби мислите дека не е толку лошо.

1. Не станувајте канцеларискиот Муртенко!

Никој не сака негативци, особено не во канцеларија. И иако на „Штрумфови“ е симпатично да гледате лик кој мрази се, не е толку интересно да слушате негодувања додека се обидувате да работите.

2. Не загревајте риба во микробрановата!

Во некои канцеларии има правила за храна која не смее да се внесува (како туна). Ако во канцеларијата имате микробранова, таа сигурно не е за загревање риби. Канцеларијата не треба да мирисиа како кујна.

3. Не одете боси!

Едно е да ги соблечете чевлите под бирото на неколку минути за да ги релаксирате стапалата, но сосема друго е шетањето низ канцеларија боси.

4. Не ставајте песни од познати артисти како ринг-тон!

Наместете го телефонот на вибрации. Никој не сака по 100 пати во денот да слуша делови од песни кои веќе се преслушани.

5. Зачувајте некое смајли и за себе!

На страна фактот што некои луѓе премногу се смеат, но нештата стануваат неподносливи кога ќе започнат да ставаат смајли како скрин сејвери, да цртаат смајли на маргините од документи, па дури и да ги вклучуваат во личниот потпис.

6. Не се обидувајте да му станете најдобар пријател на шефот!

Луѓето кои стравуваат за своето работно место се обидуваат да се докажат со тоа што му се умилкуваат на шефот. Но, за жал, менаџментот обично ги знае овие трикови, а во процесот на „доближувањето“ ќе успеете да ги изнервирате сите свои колеги.

7. Не ги читајте мејловите на глас!

Никому, ама никому не му е смешно она што ви го напишало вашето дете во мејл. Или затоа што и самите имаат деца или затоа што воопшто не сакаат деца.

8. Не си правете маникир / педикир во текот на работното време!

Да, убаво прочитавте, забележани се случаи кога луѓе не ги сечеле само ноктите на рацете, туку и на нозете, кренати на бирото. Треба понатамошно објаснување?

9. Не крадете храна!

Ако некој си оставил нешто во фрижидерот во канцеларија, очекува и да го најде таму. Кражба е кражба, без разлика дали крадете пари или храна. А, во една канцеларија нема толку многу осомничени. Со тек на време ќе ве фатат.

10. Олабавете со омилената музика

Ако баш морате да слушате музика, и тоа десетина омилени песни кои постојано се повторуваат, препорачливо е да си купите слушалки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП