2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЛуксузно комбе од Јапонија пристигна на европскиот пазар (ФОТО/ВИДЕО)

Луксузно комбе од Јапонија пристигна на европскиот пазар (ФОТО/ВИДЕО)

Луксузното комбе „Lexus LM“ веќе е достапно за заинтересираните купувачи во Европа.

Ова комбе (не европската верзија) беше претставено во Шангај уште во 2019-та година, а уште тогаш привлече внимание со масивната предна табла и хромираните детали од сите страни.

Накратко – тоа е луксуз малку поинаков од она на што сме навикнати кога станува збор за брендот на „Toyota“ специјализиран за седани.

„Lexus LM“ доаѓа во две конфигурации. Во првата, долга повеќе од пет метри, има само четири седишта. Патниците во задниот дел, пак, добиваат првокласна удобност: седиштата лесно стануваат кревети, има екран со дијагонала од 48 инчи, како и систем со 23 звучници.

Втората конфигурација носи повеќе или помалку слични работи, но со нешто помал комфор за патниците бидејќи има седум седишта.

Што се однесува до погонот, „LM 350h“ со 2,5-литарски четирицилиндричен агрегат е планиран за европскиот пазар, а стандарден е погонот на четири тркала. Кога станува збор за забрзувањето, тој достигнува 190 km/h, а до 100 km/h достигнува за 8,7 секунди.

Несомнено е дека „Lexus LM “ќе донесе нешто ново во светот на комбињата на европскиот пазар и, кој знае, можеби дури и ќе започне нов тренд.

Засега од „Lexus“ не ги објавија цените на ова луксузно комбе, но се претпоставува дека ќе биде за оние со малку подлабок џеб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП