30 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОпасна комбинација: лош сон, висок притисок и стрес

Опасна комбинација: лош сон, висок притисок и стрес

Стрес на работа, лош сон и висок крвен притисок се смртоносно трио поради срцеви заболувања, заклучуваат истражувачите.

Во една студија која ја спроведеле германски научници, учествувале неколку работници со висок крвен притисок, чие здравје било следено речиси 18 години.

Испитаниците кои напоменале декa имаат стресна работа и лош сон, имале три пати поголема веројатност да умрат од срцеви заболувања од оние кои добро спиеле и кои немале проблеми на работа, заклучува студијата.

“Дури 50 проценти од возрасните имаат висок крвен притисок. Тоа е главен ризик фактор за срцев удар, мозочен удар, престанок на работата на срцето, болест на бубрезите и предвремена кардиоваскуларна смрт. Бројни студии откриле поврзаност помеѓу зголемениот стрес на работа и ризикот од кардиоваскуларни болести”, вели д-р Грег Фонаров, професор по кардиологија.

Во новата студија, истражувачите објасниле дека луѓето со хипертензија кои имале стрес на работното место имале двојно поголем ризик од умирање од кардиоваскуларни болести, отколку луѓето кои лошо спиеле.

Според водечкиот истражувач, д-р Карлу Хајнц Лудвиг, спиењето треба да биде време за одмор и враќање на енергијата. Доколку имате стрес на работа, сонот ви помага да закрепнете, пренесува Health24.

“Лош сон и стрес на работа често одат рака под рака, а во комбинација со хипертензија, ефектите се погубни”, изјавил Карл Хајнц Лудвиг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП