7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемена продажбата на Ауди

Зголемена продажбата на Ауди

Audi-Headquartes-1

Германскиот производител на луксузни автомобили, Ауди, објави дека нивната продажба во септември скокнала за 10 проценти на годишно ниво, благодарејќи на силната побарувачка во САД, Кина и Европа.

Во минатиот месец одделението на Фолксваген за лускузни возила продало вкупно 150.300 луксузни и спортски автомобили. Во периодот од девет месеци заклучно со септември испораката била зголемена за 7.6 проценти или вкупно 1.18 милиони возила.

Најдобро продавани во септември биле моделите „Q3“ и „Q5“, како и „A3 Compact“.

Само за споредба Мерцедес-Бенз извести дека во минатиот месец продале рекордни 142.994 возила што е за дури 15.9 проценти повеќе од истиот месец во 2012-та година.

Се очекува водечкиот производител на луксузни автомобили БМВ да ја објави продажбата за септември месец во текот на следната недела.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП