
„Mitsubishi“ ја објави првата фотографија со трите нови концепти кои ќе бидат претставени на нивниот штанд за време на 43-то издание на саемот за автомобили во Токио, кој ќе се одржи во ноември.


„Mitsubishi“ ја објави првата фотографија со трите нови концепти кои ќе бидат претставени на нивниот штанд за време на 43-то издание на саемот за автомобили во Токио, кој ќе се одржи во ноември.
Концептот „Mitsubishi GC-PHEV“ е „plug-in hibrid SUV“ кој покрај сите карактеристики на големо возило нуди и ниска емисија на штетни гасови.
„Mitsubishi XR-PHEV“ е компактен „SUV“ од следната генерација кој исто така е многу еколошки и има изглед кој потсетува на спортско купе.
„AR“ е концепт на кросовер од следната генерација, а може да се пофали со просторноста која овозможува различен распоред на седиштата.