29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанкарите очекуваат зголемување на кредитирањето на фирмите

Банкарите очекуваат зголемување на кредитирањето на фирмите

bisev

Банкарите очекуваат во наредниот период да се зголеми кредитирањето на компаниите, со оглед на најавите за поголема економска активност.

Глигор Бишев, претседател на УО на Шпаркасе банка вели дека кредитниот раст оди заедно со економскиот раст.

– Со обновување на економската активност во Република Македонија, ќе се забрза и кредитната активност, изјави Бишев на денешната прес-конфернеција во Шпаркасе банка на која промовираше нови производи кои на клиентите ќе им овозможат да можат да подигаат средства од банкоматите на банките членки на Штаермеркише Шпаркасе и Ерсте Групацијата во 10 земји во регионот.

Економијата во првите два кваратала од годинава има просечен раст од 3,4 проценти. И Владата и Народната банка очекуваат поголем раст од проектираниот и тој да биде над три отсто.

Во август, податоците на НБРМ покажуваат дека има стагнација на кредитната активност, при што има пад на кредитирањето на корпоративниот сектор, а раст и поддршка на населението.

Шпаркасе банка, како што соопшти на денешната прес-конференција, разгледува нов модел за кредитирање кој ќе ги опфати приходите на сите членови од потесното семјество на барателот на кредитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП