4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРедизајнирана банкнотата од 100 долари

Редизајнирана банкнотата од 100 долари

100dolari2

Американската централна банка (Фед), која не е погодена со блокадата, денеска до своите испостави ширум државата ќе испрати блиндирани камиони со новата банкнота.

Изработката на оваа банкнота траеше повеќе од десет години, а беше следена со бројни проблеми во производство. Но, официјалните лица уверуваат дека проблемите сега се надминати. Некои клиентите на банките веќе од утре попладне ќе можат да ги видат новите банкноти, во зависност од тоа колку нивната банка е близу до испоставата на Централната банка.

„Имаме 3,5 милијарди од овие банкноти кои, според нас, ќе бидат повеќе од доволни да ги задоволат домашните и меѓународните обврски“, изјави Соња Данбург, претставник на Централната банка.

Редизајнираната банкнота од 100 долари, првата нова банкнота од деноминацијата во март 1966 година ќе го носи ликот на Бенџамин Френклин на предната страна, а на задната страна е Салата на независноста во Филаделфија. Покрај тоа ќе има и низа нови интересни заштитни детали.

На неа се наоѓа и историското ѕвоно кое исчезнува во мастилница, а банкнотата има и светло сина тродимензионална безбедносна лента на која се наоѓаат слики кои се движат во спротивен правец од оној во кој ја движите банкнотата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП