2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„BMW“ го најави новиот „X2“, ќе има поатрактивен дизајн

„BMW“ го најави новиот „X2“, ќе има поатрактивен дизајн

„X2“ не е меѓу најпопуларните модели на „BMW“ на пазарот, но „братот“ на попознатиот и повеќе бараниот „X1“ сепак ќе стигне до втората генерација.

Досега, неколку камуфлирани прототипови се забележани на различни автомобилски сајтови кои се тестираат на различни локации низ Европа, а се чини дека официјалното деби на спортскиот кросовер е веднаш зад аголот.

Баварскиот производител на автомобили го објави првиот тизер за новиот „X2“, кој – иако краток и темен – открива неколку интересни дизајнерски детали. Кратко видео на Инстаграм објави Домагој Дукец – шеф за дизајн во „BMW“.

На него е прикажан „X2“ од страна, па можеме да го видиме неговиот повеќе купе профил од првата генерација, со наведнат заден покрив и спојлер.

Возилото потоа се ротира за да го открие предниот дел. Овде можеме да ја видиме осветлената решетка на ладилникот, која има поинаков облик во однос на сегашниот „X1“. До одреден степен, повеќе личи на таблата пронајдена на фејслифтираниот „X6“, иако се чини дека пропорциите се малку поинакви. Предните светла откриваат дневни LED светла во форма на Ц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП